Професионална надзорна апликација

сè на едно место

Професионалната надзорна апликација е брза, со доволен капацитет и едноставна за употреба. Наменета е за управување со возниот парк и за оптимизација на работното време и трошоци на сите нивоа во работењето на претпријатието. Овозможува непрекинато пратење на возилото, ефикасен надзор, преглед на историјата на превозените патишта, напредна анализа на податоци, прикажување на моменталната состојба на целосниот возен парк, надзор врз трошоците на возниот парк и оптимизација на патиштата на поединечните возила/возачи и на работното време.

Професионалната надзорна апликација овозможува:

  • анализа на собраните податоци,
  • преглед на историјата на реализираните патишта и настаните на патот,
  • неограничена комуникација со возачите и помеѓу возачите,
  • оптимизација на патиштата,
  • праќање на оптималните патишта на возачот,
  • внесување на интересните места (POI) – локации и полигони
  • заклучување на оптималниот пат и алармирање на прекршоци – коридори,
  • проверување на присутноста на локациите,
  • паралелно пресметување на времето и оддалеченоста до целта (ETA),
  • следење на товарот преку интернет,
  • пријава на возачот,
  • евиденција на работата и дневниците,
  • автоматска изработка на патни налози,
  • надзор врз трошоците на возниот парк,
  • поделување во групи возила со оглед на деловната единица или подизведувачот.

Професионалната надзорна апликација е всушност корисен алат со кој вашето претпријатие може да приштеди време, да го подобри квалитетот на услугите и да го зголеми задоволството на странките.