ТЕЛЕМЕТРИЈАТА ГО ЗНАЕ ВОЗИЛОТО
Системите што се вградени во современите теретни возила и работните машини се всушност како едни компјутери во мало. Со вградување на соодветните интерфејси може вашето претпријатие да го следи работењето на тие системи и стекнатите информации да ги користи за уште поефикасно управување со возниот парк и со работното време на вработените.
КОГА ЌЕ ПРОГОВОРАТ ПОДАТОЦИТЕ
Управувачот во претпријатието може слободно да ги менува и да ги анализира телеметриските податоци од возилото – просечното и заедничкото трошење на горивото, промените на нивото на горивото во резервоарот, начинот на возењето, актуалната состојба, работните сатови на возачот и уште бројни други ажурни податоци.
Телеметриските податоци се корисни за:
- следење на трошењето на гориво,
- детекција на смалување на нивото на горивото во резервоарот,
- следење на обратите на моторот и на возење со штедење,
- анализа податоци од дигиталниот тахограф.
НАДОГРАДЕТЕ ГО ВЕШТАЧКИОТ МОЗОК
Како управувач на возниот парк можете со помош на различни прекинувачи и сензори да ги следите и да ги бележите различните настани и нивното времетраење. Од сензорите најчесто се користат решенијата за хидраулика, за вратата (отворена/затворена), таксиметарот (вклучен/исклучен), сините светла на возилото за спасување (вклучени/исклучени), СОС копче, за чистење снег или фрлање песок од патот и слично. Со температурните сензори можете да ги следите температурите на коморите за ладење.