СИСТЕМ ШТО ЗНАЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА НА РАБОТНОТО МЕСТО
Освен постојаната комуникација помеѓу возачот и управувачот на возниот парк или диспечерот телематските системи овозможуваат и прегледно и едноставно управување на работните процеси. Системското решение се грижи како за функцијата на пријава на возачот на работното место така и за следење на присутноста на возачот во возилото или за надзор на работните места при кои возачите се менуваат меѓусебно.
ГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ И РАБОТА БЕЗ ГРЕШКИ
Запишувањето на настаните и на нивните состојби уште толку ја зголемува корисната вредност на телематскиот систем и тоа придонесува кон среденоста и раководењето на основните работни единици на нарачателот, а воедно управувачот има подобар увид во реалната состојба. Загарантираната двонасочна комуникација овозможува голема ефикасност на работата без грешки, а телематскиот систем се грижи за оптимизација на работните постапки при поединечната задача.
ИНФОРМАЦИИ ШТО СЕ корисни за сметководтсвото, кадровската служба …
Интеграцијата на телематксиот систем со централниот информациски систем овозможува размена на податоци помеѓу различни апликации што на вашето претпријатие ќе му го поедностави раководењето и управувањето на документацијата. Системските решенија што се грижат за автоматски опфат и пренос на податоците, се многу попрецизни од рачните внесувања, а како последица во самата работа има и помалку грешки и злоупотреби.
ПРОНАЈДЕТЕ ГИ ТЕСНИТЕ ГРЛА ВО РАБОТЕЊЕТО
Поврзувањето со централниот информациски систем на вашето претпријатие му овозможува и детални анализи на работните процеси и нивна оптимизација, зашто со различни пребарувања бргу може да ги пронајдете т.н. тесни грла во работењето.
Телематските системи за управување на работните процеси се грижат за:
- ефикасно делување на работните просцеси,
- ефикасно раководење со вработените и вршење задачи,
- оптимизација на работните постапки,
- неограничена комуникација помеѓу корисниците на системот,
- интеграција со централниот информациски систем и проширување на неговата функционалност.