Патнички сообраќај

РЕШЕНИЈА ЗА ПАТНИЧКИ СООБРАЌАЈ

Решенијата CVS Mobile се наменети и за претпријатијата што се занимаваат со превоз на патници по копно, без оглед на тоа дали станува збор за јавен автобуски превоз или такси служби. Во случај на автобуски превоз, употребата на апликацијата и услугите CVS Mobile ги овозможува сите предности на пратењето и управувањето со возилата во сообраќајот со теретни возила, а воедно на возачите им овозможува полесно и побрзо пополнување на патните налози. Слично е и кај такси службите кадешто поединечното возило го користат повеќе возачи. Освен функцијата за пријава и одјава на работното место што на управувачот на возниот парк му овозможуваат детален увид во работата на таксистот и неговиот однос помеѓу приходи и расподи, возачите на такси возилата во голем дел можат да бидат сигурни во вградената справа за навигација, преку која можат да примат и нарачки за превози од страна на операторот во претпријатието. На претпријатијата што вршат превоз на луѓе (автобуски превоз, такси служби, посебен превоз за работници и сл.), телематскиот систем им овозможува подобро планирање на возењето врз основа на временската усогласеност и зафатеност на возилата и/или возачите.

Решенијата CVS Mobile ги користат претпријатијата чии дејности се:

  • јавен градски автобуски превоз,
  • јавен меѓуградски автобуски превоз,
  • меѓународен автобуски превоз,
  • такси превоз.