Управување на возниот парк

ВОЗЕН ПАРК ПОД НАДЗОР

Телематскиот систем CVS Mobile му овозможува на претпријатието едноставно управување и прецизен надзор на возниот парк. Со помош на системот може на вашето претпријатие во секој момент да му бидат на располагање податоците за локацијата, за состојбата на возилата и за задачите што ги вршат возачите.

Употребата на интелигентните терминали овозможува прецизно, прегледно и ценовно ефикасна комуникација помеѓу упоравувачот на возниот парк, диспечерот на задачите и возачите.

ПОВРЗАНИ И ИНФОРМИРАНИ

Во CVS Mobile на странките им нудиме и додатни апликативни проширувања на телематските решенија за интернетни или мобилни портали. Со тоа е овозможено следењето на товарот/возилото/возачот од различни справи. Телематските решенија овозможуваат бројни оптимизации на работењето, а се изложуваат оптимизацијата на работното време и возењето на возачот, а и оптимизација на трошењето гориво. Бројните собрани податоци за возилата и за начинот на возењето му овозможуваат на управувачот на возниот парк прецизно планирање на оптеретувањето на возилата и сервисните интервали.

Телематските системи за управување на возниот парк обезбедуваат:

  • пратење на возилата и на товарот,
  • целосен надзор врз возниот парк,
  • навигација на возачот и оптимизација на патот,
  • целосна телеметрија на возниот парк,
  • оптимизација на потрошеното гориво,
  • оптимизација на работното време и на возењето на возачите.