ЕФИКАСНО КОМУНИЦИРАЊЕ е клучот за успех
Во CVS Mobile во возилата вградуваме интелигентен повеќејазичен терминал, опремен со графичен монитор сензитивен на допир кој овозможува навигација на возачот и нуди трошковно ефикасна и пред сè неограничена комуникација на писмен начин со возачот, но и помеѓу возачите. Содржи бројни функционалности без кои тешко може да ги замислиме современите телематски решенија.
Комуникациската опрема овозможува:
- праќање работни налози во возилото,
- забележување трошоци за гориво и други трошоци,
- скенирање, печатење и праќање документи од возилото,
- гласовна навигација (turn-by-turn),
- неограничена писмена комуникација во односот претпреијатие-возачи и возач-возач,
- праќање на оптимален пат (rute) од канцеларијата во возилото,
- одредување на статусот на возилото или возачот.
ДОДАТНИ АПЛИКАЦИИ ПО МЕРА
Богатото практично искуство не водеше и во развивање на додатни, специјализирани апликации кои претпријатијата ги користат во поединечната стопанска дејност. Примери на такви апликации се на пр. внесување на налозите за товарање за теретните возила, список на пакети и печатење на документи за издавање за пакетната дистрибуција.
И за вашето претпријатие може да пронајдеме ново решение или да го приспособиме веќе постоечкото решение со цел тоа да биде максимално усогласно со вашиот начин на работење.