РЕШЕНИЈА ЗА ОБЛАСТА НА ЛОГИСТИКА, ТРАНСПОРТ И ДИСТРИБУЦИЈА
Програмската опрема CVS Mobile одлично послужува на претпријатијата што се занимаваат со бројни типови транспорт во најразлични области. Совладувањето и управувањето со возниот парк, без оглед на тоа дали станува збор за три или триста возила, е многу полесно доколку управувачот (управувачите) при својата работа си помага со современа програмска опрема што со различни автоматизирани постапки многу ја олеснува и ја забрзува самата работа. Големи заштеди може вашето претпријатие да создаде и со оптимизација на транспортните патишта што ја нуди и подобриот увид во работењето на возниот парк – како на домашниот пазар така и на пазарот во странство
За транспортните и логистичките претпријатија карактеристиките како што се брзината, сигурноста и точноста се клучните фактори на сликата и угледот на претпријатието што во времево на остра конкуренција често одлучуваат за успехот при стекнување нови странки и нарачки.
Решенијата на CVS Mobile ги користат претпријатијата чии дејности се:
- меѓународен транспорт,
- локален транспорт,
- дистрибуција (пакетно доставување, снабдување на трговските ланци…)